Најдобрите 10 брендови за 2012

На крајот на секоја година се избираат најдобрите, па тоа се случи и во светот на модата. Ви ги претставуваме најдобрите дизајнери за годината која измина.  Дизајнер број еден за 2012 година е Мајкл Корс кој воедно е судија на Проектот „Писта“ и успеа да го спушти на трето место брендот Гучи, кој според истражувањата на Гугл во 2011 година беше на првото место.

Овој успех на Корс се должи на поддршката која ја имаше од познатите личности како Гвинет Палтроу, Џесика Бил и Мишел Обама, која го носеше неговиот дизајн на последните избори. На второто место се наоѓа познатиот бренд Луи Витон, а на третото место е Гучи. Четвртото место му припадна на Ралф Лорен.

Топ најбарани брендови за 2012 год.

1. Мајкл Корс

2. Луи Витон

3. Гучи

4. Ралф Лорен

5. Џеј Кру

6. Шанел

7. Прада

8. Џуси Коутур

9. Барбери

10.Тори Бурч

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: