Индиjски милијардер ќе го направи Охрид новиот Дубаи

Субрата Рој ќе вложи милијарда евра за на 240 хектари околу Охридското езеро да изгради свое царство! Покрај хотелите од светска класа, планира да подигне дури 4.000 луксузни вили и апартмани, голем број казина и голф центар. Рок за завршување на работата е 2020-та година.

Охрид наскоро ќе биде новиот Дубаи, тврди прочуениот индиски милијардер Субрата Рој, кој ќе вложи една милијарда евра за од македонското национално богатство да направи елитна туристичка дестинација.

 

Претставниците на компанијата “Sahara India Parivar” дефинитивно ги завршија преговорите кои започнаа на почетокот на оваа година со македонскиот Премиер Никола Груевски и Заменикот Премиер и Министер за Финансии Зоран Ставрески околу оваа престижна инвестиција.

 

Според првите нацрти, проектот под назив “Saharajan Македонија“ ќе се простира на површина од околу 240 хектари околу Охридското езеро, на кое, покрај хотели од светска класа, казина, рекреативни центри и сл. ќе бидат изградени и околу 4.000 апартмани, вили, како и луксузен голф центар.

Рокот за завршување со работа е 6 години, а како што се дознава, тендерирањето на земјиштето ќе започне во јуни.

 

“По тендерот не чека една година од припремни работи. Сметаме дека изградбата ќе започне во првата половина од 2014-та година, а дека проектот ќе биде завршен во рок од 6 години.

 

Дизајнот на проектот ќе припаѓа на лондонската компанија “Atkins”, водечка компанија во светската изградба на рекреативни и спа центри, крајбрежни хотели и казина, која, меѓу другото, има работено и на изградбата на хотелот “Бурж ал Араб„ во Дубаи.

 

Првобитната замисла на индискиот милијардер била околу Охридското Езеро да изгради мал Лас Вегас, но од таа идеја се откажал во септември оваа година.

 

Субрата Рој е еден од најмоќните луѓе и најголем приватен работодавец во Индија. За него работат околу 2 милиони луѓе, а покрај странските инвестиции и животното осигурување, се бави и со продажба на недвижнини, филмска продукција, туризам и медиуми. 

Пронајдете не на следниве мрежи: