Каде се Пријатели (Friends) денес?

Позната серија Пријатели ги направи актерите познати ѕвезди со заработка од 100 милиони долари. Од тогаш повеќето од нив имаат успешни кариери.

Џенифер Анистон (Рејчел)

Таа дефинитво e една од најуспешните во кариерата. Глумеше во повеќе романтични комедии почнувајќи од “Раскинување”, “Марли и Јас” и “Далечински управувач”. Најмногу ја имаше во таблоидите поради разводот со Бред Пит и врската во Винс Вон.

Кортни Кокс (Моника)

Таа имаше голем успех со серијата Когар Таун и со неа беше номинирана за Голден Глоуб. Во 1999та година се омажи со актерот Дејвид Аггует а своето прво дете Коко го роди во 2004 год. Во 2011 год. таа се разведе.

Лиса Кудроу (Фиби)

Првиот член од екипата која доби Греми во 1998 год. Таа се појави во повеќе филмови и серии вкучувајќи ја серијата Кугар Таун каде што глумеше и Кортни.

Мет Лебланк (Џои)

Тој дефинитвно не просперираше после Пријатели. Имаше неуспешен обид со својата серија Џои а последната негова изјава е дека иако заработил 100 милиони долари од серијата Пријатели тој е против нивна нова епизода.

Метју Пери (Чендлер)

Откако заврши со Пријатели се обиде како режисер на комедијата Скрабс. Тој исто така се појави и во драмата студио 60 на писателот Арон Соркин.

Дејвид Швимер(Рос)

После Пријатели тој го позајми својот глас во Мадагаскар 1 и Мадагаскар2. Исто така се појави во Бродвеј и беше режисер на комедијата “Бегај дебели бегај” (Run Fat Boy Run).

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: