Мојсов потпишува за Левски

Loading...

Македонскиот интернационалец според информациите кои ги пренесуваат српските медиуми, се вели дека како слободен играч ќе потпише договор со Левски наредната недела.

Црвена Ѕвезда и Партизан не криеја дека се заинтересирани за нашиот интернационалец на кого му истече договорот со екипата на Војводина.

Мојсов премногу не говореше во јавноста околу тоа каде, што и како, само со добро препознатливата фраза дека тие се големи клубови одговараше на прашањата околу интересот на Партизан и Црвена Ѕвезда.

Мојсов наводно во Левски би заработил околу 300 000 евра за две години.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...
Loading...