Еден од најдобрите ракометари во светот, Ивано Балич, после цели 4-години се враќа на шпанскиот ракомет. Атлетико Мадрид потврди дека потпишаа договор со хрватскиот репрезентативец.
Балич од 2004 до 2008 година играше за Портланд, а потоа се пресели во Загреб.
Неговите освоени медали сведочат за магијата која ја прави на теренот. Ова лето освои Олимписки бронзен медал, а во 2004 година освои златен медал. На светското во 2003 освои прво место,а сребрени медали во 2005 и 2009 година. Бронзен медал освои на последното Европско, а во 2008 и 2009 освои сребрен.
Пронајдете не на следниве мрежи: