Шведска скијачка се здоби со тешка повреда во бизарен инцидент

Швеѓанката Натали Еклунд се здобила со сериозни повреди во моментот кога ја разгледувала патеката на Сљеме, каде в петок, ќе се вози слаломската трка во рамките на Светскиот куп.

Како што пренесува порталот ’Index.hr’, Еклунд, кога ја обиколила патеката ги извадила скиите тргнала кон жичарата и паднала, во тој момент една од скиите ја расекла во пределот помеѓу грлото и брадата.

Еклунд веднаш била префрлена во болницата во Загреб.

Пронајдете не на следниве мрежи: