Порно линкови во учебници

Во учебникот “Техничко и информатичко образование за осмо одделение”, наменет за настава во основните училишта во Србија, се наоѓа фотографија од отворена интернет страница, на која во делот “фаворити” се наоѓаат дури три линкови за порно страници.

 

Лекцијата се бави со пребарување на интернет, а авторите направиле “принт скрин” на екранот на компјутерот каде спорните сајтови биле зачувани како фаворити.

 

 

Случајно приложените линкови за порно сајтовите се валидни и работат, а еден од нив води директно на лезбејска страна, со галерија која се нарекува “Нејзиниот прв преглед”.

 

Покрај линковите за порно страниците, како важни на страната, стојат и адресите на Поштата во Србија и Универзитетот во Есекс.

 

Фотографијата од несоодветната страница започна да кружи на социјалните мрежи од вчера, а еден новинар од српскиот медиум “Блиц” го пронашол учебникот на издавачката куќа Едук и согледал дека тој навистина ги содржи спорните линкови.

 

Она што е најкритично е фактот дека учебникот се продава во една книжарница на Студентскиот плоштад, а кога се пребаруваат спорните адреси (од кои една од нив веќе е суспендирана) директно се стигнува на сајтовите кои не се соодветни за детската публика.

 

Автори на учебникот се д-р. Драган Голубовиќ и Небојша Голубовиќ, а ова не е првиот пропуст кој може да се најде во основните материјали за основоно училиште, констатира “Блиц”.

Пронајдете не на следниве мрежи: