Топ 5 Хотели во Европа

Во Европа има многу луксузни хотели со 5 ѕвезди. Доколку сакате да посетите некои од нив, а сеуште не можете да се одлучите, ние ви направивме листа која ќе ви ја олесни потрагата и ќе ви заштеди време. 

Еве неколку од најдобрите хотели во Европа:

 

1.L'Andana, Maremma, Италија

Хотел со највкусна храна. Во имотот на L'Andana,се произведува маслиново масло и вино. Тие се употребуваат во храната и специјалните спа третмани со додатоци како млеко од соја, грозје, лаванда и друго. 

 

2. The Ritz, Париз

 Хотел со најлуксузни бањи. Во овој хотел порано живеела Коко Шанел, а најпознат е по  кралските луксузни кревети од времето на Луј IV. Тука пероналот ви е достапен 24 часа, а бањите имаат огромни кади, луксузни веце школки и кадифени завеси.

 

3. Four Seasons Hotel Gresham Palace, Будимпешта

 Хотел со најдобра локација. Тој е лоциран во горниот дел од градот „Пест“ на неколку минути од мостот Чаин и улицата за шопинг. Хотелот има историска фасада, а собите се во модерен стил.

4. Hotel Kamp, Хелсинки

Кога ќе стане ладно во Финска тогаш дефинитивно овој хотел е вашето најдобро решение за да се стоплите. Тука има подно греење,а најзагреани се бањите. Кога ќе завршите со капење вашето огледало нема да биде замаглено бидејќи има систем против замаглување.

 

5. Milestone Hotel, Лондон

 Хотел кој има се. Персоналот ќе ве пречека со шампањско и секогаш ќе ви биде на располагање. Хотелот има историска архитектура и идеална локација веднаш до Кенсингтон Палатата. Скоро сите соби имаат луксузни кревети во иста големина како креветот на кралицата.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: