Топ 5 градови на Балканот

На Балканот има навистина убави градови кои треба да се најдат на оваа листа, но моравме да издвоиме само пет. 

Што мислите, кои според вас се најубавите градови на Балканските простори?

1.Дубровник, Хрватска

Еден од најубавите градови на Балканот кој излегува на Јадранско море. Тој е исто така еден од најпознатите туристички места со прекрасни плажи и архитектура, а во 1979-та година бил додаден на листата на УНЕСКО за светско културно наследство.

2.Белград, Србија

Белград е главен и најголем град во Србија. Низ него поминуваат реките Сава и Дунав. Нешто што мора да посетите во Белград е тврдината Калемегдан, катедралата Свети Сава, црквата Свети Марко, зоолошката градина и музејот на современи уметности. Сепак не заборавајте и да прошетате по познатата улица за шопинг Кнез Михајлова како и до сплавовите на реката Дунав.

3.Скопје, Македонија

Скопје е главен град на Македонија и се наоѓа во центарот на Балканот. Низ него тече реката Вардар која поминува низ историскиот Камени мост. Веднаш до него е прекрасниот плоштад полн со скулптури, а најголемата и најмоќна скулптура е таа на Александар Македонски. Скопје има и одличен ноќен живот. Места кои мора да ги посетите се чаршијата, вештачкото езеро Матка и крстот на скопската планина Водно.

4.Атина, Грција

 

Атина е главен град на Грција. Името го добил по божицата Атена и е еден од најстарите градови на Балканот. Духот на градот лежи во неговата историја како што е академијата на Атина посветена на Платон, плоштадот Синтагма, античката Ангора, националниот археолошки музеј и слично.

5.Сараево, Босна и Херцеговина

Сараево е главен град на Босна и Херцеговина и е еден од најинтересните градови на Балканот. Нешто што мора да посетите е стариот град каде има продавници во ориентален стил како и повеќе цркви од различни религии на едно место. Освен стариот град треба да поминете и до националниот музеј, Босанскиот историски музеј и др.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: