Карли Клос е најдобриот модел за 2012-та според Вог

Девојката која ја нарекуваат „The Body“ оваа година се појави во 20 меѓународни изданија на  „Вог“ и сними 9 оригинални серијали, што и ја донесе титулата најдобар модел, според оценките на престижниот магазин.

20-годишната Карли Клос покрај честите појавувања во модните списанија, во годината што измина имаше бројни соработки со најпознатите светски фотографи па така нејзината популарност константно растеше.

 

 

 

Своето деби прекрасната Клос го имаше пред 5 години кога учествуваше на 31 ревија во Њу јорк. Истата година, магазинот „Пипл“ ја избра за модел на годината, а модните кампањи за Долче и Габана, Луи Витон и Викторијас сикрет ја вивнаа во ѕвездите.

Во 2009-та и 2010 година Карли Клос беше меѓу трите најубави модели.

Пронајдете не на следниве мрежи: