БУБА во ПАОК за 250 000 евра?

Македонскиот интернационалец од редовите на германски Волфсбург, Ферхан Хасани, ќе го напушти клубот и најверојатно ќе се пресели во грчки ПАОК, како втора опција се споменува тимот на Фрајбург.

Популарниот „Буба“ не се вметна како прва опција кај Феликс Магат во германски Волфсбург, не се адаптираше на тамошниот фудбал и како воопшто да не доби вистинска шанса за докажување во таа средина. За екипата на Волфсбург настапи само на 3 натпревари, притоа не постигна гол.

Според неофицијалните информации, се вели дека за услугите на Ферхан Хасани сериозно е заинтересирана екипата на ПАОК, а се споменува сума од околу 250 000 евра.

Како втора опција за Хасани се споменува екипата на Фрајбург.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: