понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Почина екс-југословенскиот премиер Жижиќ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешниот југословенски премиер Зоран Жижиќ почина на 62-годишна возраст во црногорскиот главен град Подгорица, објавија локалните медиуми.Жижиќ починал откако бил подложен на тежок оперативен зафат.

 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

 

Тој беше премиер на Сојузна Република Југославија од 4 ноември 2000 до 24 јули 2001 година. Поднесе оставка од функцијата поради одлуката на властите во Белград да го предадат поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг.
По 2005 година Жижиќ активно учествуваше во кампањата за зачувување на заедничката држава на Србија и Црна Гора.

Поврзани вести