5 црвени модни додатоци кои се задолжителни за оваа зима

Празниците речиси поминаа, но тоа не значи дека впечатливите модни додатоци треба да ги ставите на дното на орманот.Ви предлагаме неколку занимливи модни додатоци, која секоја модна зависничка треба да ги поседува. Време е да ги искористите…

 

Црвен лак

Козметичката индустрија секогаш претставува на пазарот некоја нова нијанса на црвен лак за нокти. Ако сте посебно расположена, тогаш можете врз црвениот лак да експериментирате и да се налакирате со проѕирен лак со големи светкави елементи кои сјајно се прилагодуваат на сите бои…

Црвен фустан

 

Оваа сезона, една од најпопуларните бои за облека е дефинитивно црвената. Најдоброто време да се искористи овој тренд се лудите забави, бидејќи оваа боја истакнува женственост и сексипил на дамски начин. Ако твојот примерок од фустан има и пеплум,тогаш вие сте ја избрале вистинската добитна комбинација и сигурно нема да останете незабележана.

Црвени гаќички

 

Ова е црвен детал кој веројатно сите го носиме на новогодинешната забава, но ви гарантираме дека побудува страст и после првиот ден во месецот. 

Црвен капут

 

Ако сте зимурливи и постојано се жалите дека ви е ладно, тогаш оваа зима одберете црвенот капутче и ќе докажете дека не се плашите од јаките бои и дека вешто комбинираш облека со црвен капут, а во истовреме ќе ви биде топло…

Црвен шешир

 

Модниот додаток кој е на врвот на зимски најпосакувани модни додатоци за оваа зима, е дефинитивно шеширот и тоа токму онаков каков што ви прикажуваме на сликата. Овој шешир е дамски, својствен за ладните денови и модно освежување за сите дами кои ја пратат модата во чекор.

Пронајдете не на следниве мрежи: