Емил Рајковиќ го презема кормилото во Работнички

Емил Рајковиќ е новиот тренер на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички.

По цели осум години на клупата на Фени Индустри, Рајковиќ си заминува од овој тим од Кавадарци со кого забележа низа на успеси.

„На некој начин се враќам дома по 10-11 години, и овој ангажман претставува чест за мене. Ќе биде интересна авантура. Верувам дека на тимот ќе му го вратиме оној сјај што го имаше порано. Сакаме полна сала, навивачите да бидат задоволни од игрите и од резултатите. Пред нас е тешка задача. Раководството ме увери дека планот им е долгорочен и дека од следната сезона Работнички ќе биде сериозен кандидат за титулата“ изјави Рајковиќ во интервју за „Дневник“.

Работнички моментално се наоѓа на шестото место на табелата во Првата Македонска Лига.

Токму во екипата на Работнички, Рајковиќ ги помина своите најдобри кошаркарски играчки денови во својата кариера.

Изјава/Фото: „Дневник“

Пронајдете не на следниве мрежи: