Нови проблеми за Лејкерси: Без Хауард, Гасол и Хил против Рокетси и Спарс

Како да веќе немаат доволно проблеми со остварување на резултатите, НБА екипата Лос Анџелес Лејкерси изгуби дури тројца кошаркари од паркетот за наредните две тешки гостувања.

Лејкерси денес гостуваат кај Хјустон Рокетси, ден подоцна кај Сан Антонио Спарс, а потоа во петок го дочекуваат тимот на Оклахома Тандер. Првите два натпревари екипата на Мајк Д’Антонио сигурно ќе ги одигра без Двајт Хауард, По Гасол и Џордан Хил, а сите тројца се под знак прашалник и за натпреварот против Оклахома.

Официјалната веб страна на НБА лигата објави дека споменатите тројца кошаркари нема да патуваат на првите две гостувања, додека нивниот статус за првиот домашен натпревар потоа е непознат.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: