ФОТО: Српски навивачи со развиорени Грчки знамиња при интонирање на Македонската химна

На ракометниот натпревар во Ниш помеѓу селекциите на Србија и Македонија, на српските навивачи им биле одземени знамиња од за нив „пријателската“ Грција.

„Србин.инфо“ дознава од очевидци дека во салата во Ниш, популарната сала „Чаир“, на почетокот на натпреварот, веднаш по интонирањето на химната, полицаец-цивил им пришол на група млади навивачи која извадила две Грчки знамиња и ги предупредил дека ќе бидат приведени доколку не ги тргнат.

Младите навивачи според информациите кои ги пренесува „Србин.инфо“ не правеле никакви инциденти и не ја исвиркале химната, а по кратката расправа се согласиле да го тргнат знамето.

Во коментарите на веста која ја пренесе „Србин.инфо“ се забележа коментар на еден читател кој вели „важно беше да знамето на Грција биде видено при интонирањето на македонската химна…“.

Пронајдете не на следниве мрежи: