12 очигледни знаци дека партнерот ве изневерува

Loading...

Доколку чувствувате дека во вашиот брак или врска нешто не е во ред, најверојатно сте во право.

Стручњаците за врски тврдат дека постојат секојдневни ситуации од кои можете да заклучите дали вашиот партнер има љубовница.

  1. Вообичаени знаци се кармин на неговата облека, гребаници по телото кои асоцираат на сексуален однос, како и мирис на друга жена.
  2. Одеднаш останува подолго на работа, често оди на службен пат кој трае неколку дена или троши повеќе пари на излегувања, ресторани, хотели…
  3. Иако е покрај вас, често е отсутен со мислите.
  4. Посветува повеќе внимание на сопствениот изглед, посебно бира како да се облече, се бричи почесто, води сметка за личната хигиена повеќе од претходно.
  5. Возбудено ви раскажува за новата колешка од работа.
  6. Престанал да забележува како сте облечени, досадно му е со вас.
  7. Пријателите, колегите или членовите на семејството се обидуваат да ви дадат до знаење дека има љубовница.
  8. Интуицијата ви вели дека има љубовница.
  9. Ве обвинува за љубомора, вели дека не сте нормална жена… Кај прељубниците, нападот на партнерот често е знак за криење на тоа што го прават.
  10. Ги крие пораките, повиците…
  11. Одеднаш, станал многу љубезен кон вас.
  12. Постојано ви наоѓа маани или без причина ве обвинува дека имате афера. Често е нервозен бидејќи не му е лесно постојано да ве лаже.
* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...