ОЧЕКУВАЈТЕ ВЛАЖЕН БРАН: Подгответе се за невреме!

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб југоисточен ветер.Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 30 до 37 степени.
 Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 36 степени.
До четврток ќе се задржи претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои на повеќе места ќе бидат над 35, а вдолж Повардарието ќе достигнат до 39 степени. Во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност.
Во петок попладне и во сабота ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој во сабота и недела ќе предизвика значителен пад на температурите.Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 30 до 37 степени.
 Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи: