Никогаш повеќе нема да гледате на бананите со исти очи откако ќе дознаете колку се здрави и откако ќе видите зошто треба да ги употребувате во исхраната Бананите се борат против депресијата, ве прават попаметни, лечат мамурлак, ја олеснуваат утринската мачнина, спречуваат рак на бубрезите, диабет, остеопороза и слепило. 1. Бананите помагаат да ја надминете депресијата бидејќи содржат високо ниво на триптофан, кој се претвора во серотонин – хормонот на среќата.
2. Изедете две банани пред напорно да вежбате за да имате повеќе енергија и за да го одржите нивото на шеќер во крвта.
3. Спречуваат грчеви во мускулите за време на вежбањето и грчеви во нозете.
4. Го подобруваат расположението и ги ублажуваат симптомите на ПМС.
5. Го надоместуваат калциумот изгубен со урината и ги прават коските поцврсти.
6. Бананите ги намалуваат отоците, штитат од диабет тип 2, помагаат при губење на килограми, го зајакнуваат нервниот систем и го поттикнуваат создавањето на бели крвни клетки и сето тоа затоа што содржат високо ниво на Витамин Б6.
7. Богати се со калиум и содржат малку сол, па може да го намалат крвниот притисок, а штитат и од срцев удар.
8. Го помагаат варењето. Бананите се богати со пектин и затоа го помагаат варењето, а при тоа го ослободуваат телото од токсини и тешки метали. Тие го поттикнуваат развојот на добри бактерии во цревата и лечат запек и диареа.
9. Свежата банана е природен лек. Ако јадете банани, ќе спречите рак на бубрези и ќе ги зајакнете коските бидејќи бананите се богати со калциум.
10. Бананите ве прават попаметни и помагаат при учењето правејќи ве поконцентрирани. Изедете банана пред испит или пред нешто за што ви треба концентрација.
11. За го спречите чешањето или иритацијата, истријте го местото со внатрешниот дел од корката на банана.
12. Бананата ја намалува температурата на телото и помага кога имате температурата и ве лади во жешките денови.
Извор:think.mk1. Бананите помагаат да ја надминете депресијата бидејќи содржат високо ниво на триптофан, кој се претвора во серотони