Мачор-јунак ја разбудил мајката за да го спасат бебето од питон

„Мислев дека сонувам, не сакам ни да помислам што ќе се случеше доколку моето милениче не ме разбудеше на време“ – вели сè уште видно вознемирената мајка. 

Тес Гутри (22), млада мајка од Австралија ја доживеала најлошата ноќ во својот живот откако се разбудила кога мачорот се качил во нејзиниот кревет и забележала дека огромен питон е завиткан околу раката на нејзината ќерка.

„Кога мачорот ми се качи во кревет, посегнав по телефонот да видам колку е часот. Но кога светлото од мобилниот ја осветли собата видов нешто ужасно. Питон, кој сигурно беше долг околу метар и половина, беше завиткан околу раката на мојата ќерка, не знаев што да правам, првата мисла ми беше – ќе ми умре детето.“-раскажува таа.

Зара, ќерката на Тес започнала да вреска додека  крв и се слевала по раката. По неа врескала и самата Тас. Неколку луѓе кои се разбудиле по врисоците дошле на помош и успеале да го ослободат девојчето, на кое му била  укажана итна медицинска помош и сега е во добра состојба.

Змијата е вратена во природата затоа што според стручњаците за животни таа не сакала да го повреди девојчето, туку имала потреба од „прегратка“. Оваа нивна идеја можеби и не е толку неверојатна ако се сетиме на многуте случаи кои говорат за тоа дека на децата најдобар пријател им е боата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: