Местото кое ќе ве натера да се почувствувате како да сте најблиску до Господ (Фото)

Доколку се прашувавте кое е местото најблиску до Бог, конечно го имаме одговорот. Тоа е една црква која се наоѓа во Грузија и е поставена на карпа висока 40 метри.

Изградена пред 14 века на карпата за која локалните жители велат дека е симбол на плодноста, по долгогодишното влијание на климатските услови денес има уште поневеројатен изглед.

Фотографиите од овој спектакуларен објект ги направил фотографот Константин Мурдквезеле, кој вели дека скалите по кои се качувал биле многу несигурни, односно мислел дека во секој момент ќе се скршат. Сепак се во него се влевала некоја сигурност која му давала сила да продолжи да се качува.

Тој тврди дека ако стигнеме до врвот на оваа карпа навистина ќе се почувствуваме како да сме поблиску до Бога.

 

Денес, оваа црква подлежи на реновирање па очекуваме да видиме каков ќе биде нејзиниот нов изглед.

Пронајдете не на следниве мрежи: