Меси им дозволува на телохранителите физички да се пресметуваат со неговите фанови (Видео)

Лионел Меси пристигна во седиштето на ФИФА со многубројно обезбедување кое физички се пресметуваше со неговите фанови. Една жена сакајќи да добие автограм за малечкото дете чиј идол била ѕвездата на Барселона, беше оттргната и брутално турната на земја.

Најдобриот фудбалер само се сврте, виде што се случи и си го продолжи патот.

Оваа постапка наиде на осудување од страна на голем број луѓе, кои го обвинуваат обезбедувањето за несовесно однесување, но се разочарани и од Меси кој го само го игнорираше инцидентот.

Дали заради славата Меси „летна во облаци“ и заборави на својата скромност?

Пронајдете не на следниве мрежи: