И луѓето без работно искуство понекогаш мораат да напишат кратка биографија. Но, што воопшто да вметнат во неа? Прво, не треба да се претерува со информациите, а целиот лист треба да биде на една страница, напишан кратко и јасно.
Цели реченици се користат кога се пишуваат молби и кратко резиме, но не и во самата биографија.
Не е толку битна количината на информации, туку квалитетот. Имаме неколку совети за младите за презентација на образованието, интересите и мотивираноста да почнат да работат.
Ви нудиме неколку технички и визуелни совети. Пред се, сé треба да биде јасно и прегледно, без непотребни набројувања и фрази, а што се однесува до изгледот, најдобро е да се користи бела подлога, односно хартија без украси, сликички и шарени бои.
Се препорачува фонтот да биде Arial или Calibri, со големина 11 или 12, со проред 1.5.
Користете „bold“ само за личните податоци и називот на училиштето каде што сте завршиле. Избегнувајте „italic“ и подвлекување на одредени зборови – колку поедноставно толку поубаво.
Насловот на биографијата (односно документот што го приложувате во е-пошта) секогаш е име и презиме, а доколку тоа содржи знаци како што се ч, џ, ш и ж да се заменат соодветно на јазико на кој се пишува кратката биографија.
Повеќе прочитајте на следниов линк.
https://news.vrabotuvanje.com.mk/mk/articles/gratis-sovet/kako-da-napishete-sovrsheno-cv
Пронајдете не на следниве мрежи: