Голем задник значи долг живот

Почнете да ги сакате облините на вашето тело, бидејќи според последните истражувачки наоди тие се знак за долг животен век.

 

 

Според податоците добиени од претходни студиски анализи масните наслаги во пределот на стомакот го зголемуваат ризикот за срцеви болести, срцев напад и дијабетес, додека пак вишокот килограми околу бедрата и долниот дел од телото го намалуваат ризикот од истите.

 

За потребите на последното истражување група волонтери се согласиле во период од осум недели прекумерно да се нагостат со сладолед и други слатки задоволства, а нивното ниво на масни наслаги било следено во однос на пред, и по режимот на исхрана.

 

Научниците заклучиле дека масните келии во пределот на стомакот и срцето се зголемиле во количината а не по бројноста, но за разлика од овој предел на телото масните келии во долниот дел се потврдило дека стануваат побројни, но не и поголеми.

 

Д-р Мајкл Јенсен од “Mayo Clinic” во Рочестер, забележал дека потенцијалната превентивна функција на масното ткиво во овој дел од телото е реално возможна.

 

“Објаснувањето лежи во механизмите со кои работат масните келии, така акумулацијата во абдоминалните маснотии се случува најчесто со индивидуални келии кои се зголемуваат, додека оние во пределот на бедрата го зголемуваат само бројот.

 

Ова едноставно значи различен механизам, различно влијание”, објаснува д-р Јенсен за заштитната функција на келиите.

 

Со ваквите сознанија повеќе од очигледно е дека поздраво е да се угледувате на популарни ѕвезди како Џенфиер Лопез и Бијонсе, кои имаат потпора во долниот дел од телото, отколку на речиси анорексичните манекенки.

Пронајдете не на следниве мрежи: