10 прашања на кои им нема одговор

Меѓу десетте главни прашања кои го мачат светот, а на кои никој нема одговор, се најдоа прашалници како “Што е смислата на животот”, “Дали Бог постои” и “Што навистина се случи со тв гангстерот Тони сопрано?”

 

 

Истражувањето кое го спроведе интернет страницата “Ask Jeeves” имало за цел да издвои десет главни прашања кои важат за “прашања кои немаат одговор”, односно прашања за кои непостои едноставен и јасен одговор.

 

Изборот за ТОП 10 е направен врз основа на повеќе од десет милијарди прашања кои на интернет страницата се поставени во изминатата деценија, од прашањата “Што е тоа љубов” до “Која е најпозната личност на светот?“

 

„Ask Jeeves“одговара на околу 16 милиони прашање месечно, но признава дека во одредени случаи е едноставно немоќен.

 

Тоа ги наведе и челниците на овој сервис да воведат нова страница на кои корисниците ќе можат едни на други да си одговараат на прашањата, првенствено на оние за кои не постои прецизен и директен одговор.

 

На топ листата, на првата позиција се најде (нималку очекувано) прашањето “Што е смислата на животот?”, додека веднаш зад него се позиционира “Дали Бог постои?”

Меѓутоа, не се сита прашања толку филозофски и сериозни.

 

На пример, милиони луѓе на сајтот сакале да дознаат што навистина се случило со Тони Сопрано, јунакот од ТВ серијата за мафијашкото семејство Сопранови чија последна епизода заврши без јасен расплет…

 

10 најпопуларни прашања без одговор:

– Што е смислата на животот?
– Дали Бог постои?
– Дали на плавушите им е позабавно?

– Како најлесно да се ослабе?
– Дали постои живот во вселената?
– Кој е најпопуларното лице на светот?
– Што е љубов?
– Во што се крие тајната на среќата?
– Дали Сопрано умре?
– Колку долго ќе живеам?

Пронајдете не на следниве мрежи: