Ужас во Параќин: Пронајдени безживотните тела на четири момчиња

Српската полицијата утрово околу 8:30 часот во една куќа во селото Стојаново, општина Параќин, пронајде четири безживотни тела на момчиња на возраст помеѓу 17 и 20 години. Гордана Цветиќ  портпаролот на полициската управа во Јагодина, не можеше да каже други детали, затоа што истрагата е во тек. 

Се претпоставува дека се отруени со јаглен моноксид, кој излегувал од агрегатот за производство за струја. Апаратот бил сместен во соседната просторија, од каде што димот најверојатно влегувал во просторијата каде што спиеле момчињата.

 

Несреќните момчиња вчера вечерта отишле во викендицата за да се одморат.

Пронајдете не на следниве мрежи: