Њујоршката полиција ги ранила минувачите пред Емпајер Стејт Билдинг

Loading...

Ова во недела наутро го потврди полицијата, која соопшти дека двајцата полицајци, кои го застрелале Џонсон, морале брзо да реагираат за да спречат евентуални нови жртви. Тоа што раниле деветмина минувачи може да се смета како колатерална штета.

Среќа во несреќа е што полицајците користеле таканаречени „шупливи куршуми“. Нив њујоршката полиција почна да ги користи пред 14 години, токму за да ја намали можноста од убивање на недолжни граѓани, иако во овој случај се покажа спротивен ефект, јавува Ројтерс.

Имено, „класичните куршуми“ по правило минуваат низ телото, односно имаат излезни рани. Во случајот на шупливите куршуми, зрното се распрскува откако ќе ја погоди метата, што предизвикува сериозни повреди, но ретко и излезни рани. Лошата карактеристика на овие куршуми е тоа што се склони на фрагментирање, односно на одбивање на тврди мети, како бетонски ѕид.

Тоа во овој случај се покажа посебно погубно, бидејќи шест минувачи настрадаа од шрапнели на куршумите што го промашиле Џонсон. Тројца минувачи, пак, директно биле погодени од полицајците.

Полицајците кои го убија Џонсон и ги ртанија минувачите исто се во болница, заради психолошките трауми што ги доживеале.

Истрагата утврди дека Џонсон во автомобил ја чекал својата жртва, 41 годишниот Стивен Ерколин, потпретседател на компанијата Хазан Импортс. Џонсон добил отказ минатата година, кога компанијата го намалувала бројот на вработени. Џонсон му пришол од грб на својот поранешен колега и пукал во него пет пати. Потоа мирно си заминал, а кога му се доближиле полицајците го извлекол пиштолот. Тие побрзо реагирале и го убиле Џонсон, но биле и доста непрецизни, што предизвикало ранување на минувачите.

макфакс

loading...
Loading...