Apple тестира два нови модела на iPhone

Loading...

Американскиот технолошки гигант Apple тестира два нови прототипа на паметниот телефон iPhone, производството на првиот контингент на барем едниот од нив ќе започне пролетва а продажбата ова лето, пишува интернет страницата Apple Insider, повикувајќи се на извршниот директор на аналитичката компанија „Jefferies & Company“, Питер Мисек.

Во декември минатата година, овој аналитичари изјави дека продажбата на следниот модел на iPhone ќе започне во текот на летото 2013 година. Сега Питер Мисек ги дополни тие тврдења со информациите за тестирање на два нови модела, како и за плановите на Apple да започне производство на пробните серии оваа пролет. Доколку информациите се точни, тогаш тоа ќе биде првпат Apple да го наруши циклусот на годишните лансирања на своите нови производи, намалувајќи го речиси на половина.

Според аналитичарот, еден од тестираните модели на Apple е ткн. iPhone 5S (се претпоставува дека така ќе биде наречен следниот модел на iPhone-от). Вториот модел е „митскиот“ евтин iPhone, за кој редовно се појавуваат шпекулации на мрежите, но потоа се демантирани од топ-менаџерите на Apple.

„Како и кај iPad mini, очекуваме дека Apple ќе лансира помалку скап, односно евтин iPhone. Можеби тој ќе има тело од поликарбонат, конвенционален LCD екран и нема да поддржува LTE“, смета аналитичарот.

Мисек, исто така, ја коментираше и информацијата што се појави седмицава за намалување на порачките за компонентите за смартфоните iPhone, коишто се наводно поврзани со невообичаено ниската побарувачка за последниот модел од паметните телефони на Apple. Тоа доведе до пад последните три дена на цената на акцијата на Apple за речиси 7 отсто, па првпат од февруари 2012 година таа падна под нивото од 500 долари.

Според Мисек, продажбата на iPhone 5 дури и доколку е помала од најоптимистичките очекувања, таа би била само малку помала. Според неговите прогнози, во тековниот квартал, кој завршува во март, Apple ќе продаде околу 44 милиони паметни телефони.
Што се однесува до намалувањето на нарачките за компонентите, тоа, според мислењето на Мисек, може да биде предизвикано од вишокот компоненти кои произлегуваат поради проблеми со монтажата на паметните телефони iPhone 5, што се случи на крајот од минатата година. Аналитичарот верува дека со намалувањето на нарачките, Apple само избегнува да прави залихи во магацините од веќе доставените компоненти. Покрај тоа, опаѓањето на нарачките за додатоците за iPhone, според него, може да биде поврзано со подготовките за производство на нова генерација на паметните телефони.

 

Макфакс

loading...
Loading...