Фејсбук го промовираше гласовното повикување за корисниците во САД

Loading...

Социјалната мрежа Facebook им овозможи на своите американски корисници да вршат гласовни повикувања со помош на мобилната гласовна апликација „Фејсбук Чет“ за апаратите со платформата iOS, пишува во четвртокот интернет порталот TechCrunch.

Претставници на компанијата Facebook претходно најавија дека од почетокот на јануари годинава имаат намера да овозможат за своите корисници гласовното повикување во „Фејсбук Чет“ кој им овозможува на клиентите да разменуваат гласовни пораки. Како што пишува порталот, администрацијата на Facebook сé уште ја тестира новата функција и за корисниците во Канада.

Според TechCrunch, говорните повици ќе бидат бесплатни за корисниците, а тие ќе треба да му плаќаат само на давателот на услугата за мобилниот интернет сообраќај. Порталот додава дека за да оствари гласовен повик, ќе биде потребно учесниците во разговорот истовремено да ја користат апликацијата „Фејсбук Чет“.

Благодарение на новата функција, „Фејсбук Чет“ станува конкурентен со сличните сервиси коишто веќе се користат, како Google Talk и Skype. Во партнерство со вториот, Facebook во јули 2011 година ја лансираше функцијата за веб верзијата на социјалната мрежа. Притоа порталот TechCrunch забележува дека гласовните повици на мобилната апликација на Facebook не е создадена врз основа на технологијата на Skype.

Социјалната мрежа Facebook е најголемата на светскиот пазар, а негови корисници се повеќе од милијарда луѓе, според податоците на аналитичкиот ресурс Socialbakers.

 

Макфакс

loading...
Loading...