За овој експеримент ви се потребни меки, пењасти гумени бонбони (мечиња), водка и стаклен сад. За количина на гумени бонбони и водка оставаме на вас.
Гумените бонбони ставете ги востаклениот сад. Стаклениот сад наполнете го со водка се додека не ги прекрие гумените бонбони. Важно е сите бонбони да бидат натопени за да можат да ја апсорбираат водката. Ако нејќете вашите гумени бонбони да бидат преполни со алкохол ставете помала количина на водка.
Чувајте го садот со бонбоните во фрижидер. Потребното време за апсорбирање е од 1 до 4 дена, во зависност колку водка ќе ставите.
По поминатиот период забавата може да започне.
Пронајдете не на следниве мрежи: