Второлигаш го шокира Работнички

Второлигашот Апаве направи големо изненадување, откако во Купот на Македонија, во првиот натпревар го победи Работнички со 75:70.На оваа средба, на клупата на Работнички дебитираше новиот тренер Емил Рајковиќ, додека двајцата Американци Абукар и Голдваер, кои пред два дена го засилија тимот од Градски Парк не добија шанса да влезат во игра.

Филип Кралевски со 17 поени и 12 скокови, односно Томче Стојчевски со 19 кошеви беа најекспонираните играчи на Апаве. Во редовите на Работнички Џон Шарпер беше најефикасен со 25 поени.

Претходно, во саботата, Карпош Соколи ја победи Струмица со 62:60, додека Пелистер и Вардар одиграа нерешено 69:69. Реванш натпреварите, по кои ќе бидат познати сите учесници на завршниот турнир, ќе се одиграат за една недела. 

 

Maкфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: