Шок во Бостон, Рондо ја заврши сезоната

Плејмејкерот на Бостон Селтикс и најдобриот играч на тимот оваа сезона, Режон Рондо, поради повреда ја заврши сезоната.Рондо на натпреварот Атланта-Бостон, кој Хоукси го добија по две продолженија со 123:111 ги скинал вкрстените лигаменти на коленото.

Со оглед на сериозноста на повредата, сезоната за извонредниот Рондо е веројатно завршена.
Организаторот на играта на Бостон требаше да биде стартиниот плејмејкер на Источната конференција на „Ол Стар“ натпреварот кој ќе се одигра на 17. февруари. 

 

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: