МЗТ убедливо поразен од Црвена звезда

Црвена звезда забележаа победа над МЗТ Скопје Аеродром со 87:72 (26:20, 34:18, 14:22, 13:12), во рамките на 19-то коло во АБА лигата.

Играта на МЗТ се распадна во вториот период, кога Црвена звезда воспостави целосна контрола во скок играта, ја засили играта во одбраната, по која лесно ги отвораа контранападите од кои постигнаа лесни поени.

Нерешлива енигма за МЗТ, во првото полувреме беа Ракочевиќ и Катиќ, кои во овој дел од натпреварот искомбинираа 30 поени.

Предноста која ја акумулира во првиот дел, кошаркарите на Црвена ѕвезда без поголеми проблеми ја сочуваа до крајот на натпреварот.

Во последниот период поради повреда на скочниот зглоб, играта ја напушти и центарот на МЗТ, Урош Николиќ.
Гечевски со 12 поени и седум скока беше најдобриот играч на МЗТ, каде двоцифрен ефект имаа уште двајца кошаркари – Ѓорѓи Чековски со 11 и Дамјан Стојановски со 10 поени.

Игор Ракочевиќ со 25 поени беше најефикасниот играч на натпреварот.

Македонскиот првак по 19 рунди во АБА лигата има ефект 10-9 и заедно со Олимпијас е наоѓа на делба на седмата позиција. Црвена звезда е втора на табелата со скор 13-6.

МЗТ во 20-то коло во јадранската конкуренција ќе ја пречека Унион Олимпија, натпреварот ќе се одигра на 2. февруари со почеток во 21 часот.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: