Самарџиски: Без размислување ја прифатив понудата на Црвена ѕвезда

Македонскиот репрезентативец, Предраг Самарџиски, кој во саботата ја договори соработката со Црвена звезда, од трибините во „Пионир“ го следеше дуелот помеѓу неговиот нов тим и МЗТ Скопје Аеродром.

Пеџа, кој во минатото има настапувано за белградските екипи Партизан и ФМП, за Б92, изјавил дека воопшто не се премислувал кога ја добил понудата од Црвена звезда.

„Одлуката ја донесов во една секунда. Многу е лесно да се донесе одлука кога ќе ви пристигне понуда од еден голем клуб каков што е Црвена звезда“, рекол Самарџиски.

Македонскиот центар, за новиот клуб ќе дебитира во среда, кога во Белград, во рамките на Еврокупот ќе гостува рускиот Уникс.

„Познавам поголем дел од кошаркарите, сум имал можност да играм со нив, тие ќе ми помогнат да се запознам со останатите кошаркари во тимот. Имаме два дена да се подготвиме за овој меч, кој можеби е најважен за клубот оваа сезона. Својот последен меч за Ритас го одиграв токму против Уникс и имав можност да се радувам на победа. Се надевам дека среќата ќе ја пренесам и тука во Црвена звезда“, рекол Самарџиски, кој смета дека неговиот нов клуб поседува квалитет за да изработи пласман во четвртфиналето во Еврокупот.

Тој истакнал дека е добро знае какви се амбициите на клубот и дека ќе стори се тие да бидат остварени.

„Го познавам системот на работа на тренерот Вукоичиќ, соработувавме во ФМП Железник. Звезда игра модерна и брза кошарка, со доста трчање, мислам дека лесно ќе се вклопам во тој систем. Екипата игра цврста одбрана, а јас како играч треба да помогнам во одбраната, да го одбранам рекетот, да помогнам во скокот, тоа ќе биде мојата работа“, дополнил македонскиот репрезентативец.

Самарџиски со белградскиот тим потпишал договор до крајот на тековната сезона.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: