15 навики до кои сите доктори строго се придржуваат

Секој доктор ќе ви каже дека подобро е да спречите некоја болест отколку да ја лекувате.
Со процесот на стареење нашето тело се менува, па неопходно е да воведете некои навики за ризикот од заболувања да го ставите на минимум.
До овие навики се придржуваат речиси сите доктори:
1. Редовно правете пауза на работа
И тоа неколку паузи во текот на денот. На секој еден час, на нашето тело потребни му се барем по 5 минути релаксирање за стресот да се сведе на минимум.
2. Движете се
„Вежбањето придонесува во долговечноста, а и во доброто здравје. Со вежбањето ги намалувате шансите за многу болести, а особено кардиоваскуларни, дијабетес и когнитивно пропаѓање“.
3. Поминувајте време со други луѓе

Party conception. Eating pizza at the rooftop party. Good friends have weekend with some delicious food and alcohol.

„Кога сте поврзани со луѓето, уживате во разговорот, се смеете и споделувате искуства, квалитетот на вашиот живот автоматски се подобрува“.
4. Усвојте рутина која вам ви одговара
Добрата рутина е клучна кога станува збор за исхраната. „Важно е секој ден да имате испланирани оброци, богати со витамини, минерали, протеини и растителни влакна“.
5. Протеините се клучни

„Многу е важно внесувањето на протеините, особено како што старееме поради тоа што нашите мускули се послаби. Доволно протеини вклучете во појадокот, ручекот и вечерата“.
6. Јадете намирници богати со антиоксиданти
Антиоксидантите се главното оружје во борбата против стареењето, па консумирајте ги што почесто.
7. Внесувајте доволно витамин Д
Недостатокот на овој витамин е поврзан со многу заболувања, покажала студијата објавена во „Aging and Disease“ минатата година.
8. Не заборавајте да внесувате течности

Неможно е да разговарате за здрава исхрана без доволно внесување на течности во организмот. 8 чаши вода дневно е идеална доза.
9. Посветете си себеси барем 15 минути дневно
Стресот е голем проблем, а колку што сме постари имаме повеќе обврски и помалку време за себе. Да научите како да се борите против стресот е исклучително важно, а д-р Рејчел Голдман истакнува дека доколку не знаеме да управуваме со стресот тоа директно се одразува на нашето здравје.
10. Вдишете свеж воздух
Современиот начин на живот подразбира многу седење и гледање во екранот, но тоа не е изговор дека не можете барем 10 минути да излезете од вашиот дом и да прошетате.
11. Забите чистете ги со забен конец
„По миење на забите со четка за заби, искористете конец за заби за да ги отстраните сите нечистотии до кои четката не може да стигне. Така ќе спречите појава на кариес и останати болести“, напоменува д-р Хевлет.
12. Нанесувајте крем со заштитен фактор во текот на цела година

Portrait of white woman doing her daily skincare routine

Кожата е нашиот најголем орган, па грижата за неа е голем чекор во превенцијата на развој на многу болести.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.