150 загинати и 112 исчезнати во обилните дождови и поплавите во јужен Бразил

– Најмалку 150 лица загинаа, а 112 се водат за исчезнати во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, како последица на обилните дождови и поплави, соопшти денес државната агенција за цивилна одбрана.Агенцијата наведува дека во инцидентите предизвикани од поплавите биле повредени 807 лица. Повеќе од два милиони луѓе се погодени од поплавите, а 620.000 се раселени.Се наведува дека од областа на катастрофата се спасени 80.000 луѓе и дека во тек се операции за пребарување и спасување.Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој по трет пат ја посетува областа на катастрофата, се очекува да објави нов пакет за помош.Земјата прогласи „состојба на катастрофа“ 180 дена и направи значителни напори за евакуација на луѓето.

Пронајдете не на следниве мрежи: