Бранителката на титулата на Отвореното првенство на САД, Саманта Стосур, успешно го мина третото коло на турнирот во Њујорк.
Стосур, пласман во осминафиналето избори по победата над Британката Лора Робсон. Австралијката двата сета ги доби со идентични 6:4, за 98 минути игра.Следна противничка на Стосур ќе и биде првата носителка на турнирот Викторија Азаренка, која без проблеми се справи со Ана Татишвили, на која во двата сета и препушти по два гема.
Марион Бартоли ја шокира Петра Квитова инаку петта фаворитка на турнирот. Бартоли го загуби првиот сет со 6:1, но потоа во следните два сета на Квитова и препушти само два гема и тоа во вториот сет.
Бартоли во осминафиналето ќе игра против Марија Шарапова која во руската пресметка ја победи Наѓа Петрова со 6:1, 4:6, 6:4.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: