Средствата на НЛБ Пензиски фонд се инвестираат во квалитетни хартии од вредност, кои се прецизно дефинирани со законските и подзаконските одредби.Преку диверзификација на вложувањата, сигурност на средствата, одржување на адекватна ликвидност, зачувување на реалната вредност на средствата и елиминација на конфликти на интереси, Друштвото гради лојалност кон членството и остварува принос исклучиво во нивна корист.
Инвестирањето на средствата на фондот се врши врз основа на следниве принципи:
Ефективно донесување на одлуки, јасни улоги и одговорности;
Јасно дефинирани цели;
Свесност, разбирање и толеранција за ризиците;
Соодветен репер и мерење на перформанс;
Транспарентност и редовно известување, јасна и релевантна комуникација.
Врз основа на анализи на долгорочните перспективи и ризици на одделни класи на инструменти се формира целна структура, при што инструментите се поделени на три главни категории:
Акции, акциски и приватни инвестициски фондови;
Обврзници, удели и акции во обврзнички инвестициски фондови и други должнички инструменти
Банкарски депозити;
Друштвото донесува Инвестициона стратегија, како основен документ, со кој се одредува политиката на вложувањето на средствата на Отворениот задолжителен пензиски фонд. Стратегијата обезбедува јасни упатства за управување со средствата на ОЗПФ, ги истакнува целите, ограничувањата и одговорностите на јасен и недвосмислен јазик за сите инволвирани страни во управувањето со инвестициите и ризиците поврзани со инвестициите на Фондот. Понатаму Стратегијата им дава насоки и лимити на управувачите со средствата на фондот, а органите на управување на Друштвото имаат значајна основа за евалуација на перформансот на одделните делови на портфолиото, како и за евалуација на севкупниот успех во остварувањето на целите од инвестирањето.
Одговорноста за инвестирање на средствата на ОЗПФ НЛБ Пензиски фонд е на органите на управување и надзор на Друштвото. Конкретните одлуки, поврзани со инвестирањето и управувањето со ризиците, ги донесува Управниот одбор на Друштвото.
Целиот процес на инвестирање е под надзор на МАПАС, и заедно со Чуварот на имот на Фондот се обезбедува повеќе страна контрола и заштита на средствата на членовите.
Повеќе може да дознаете на следниот ЛИНКПреку диверзификација на вложувањата, сигурност на средствата, одржување на адекватна ликвидност, зачувување на реалната вредност на средствата и е