Вардар Про подобар на тест дуелот од Металург

 

За првпат во една деценија стариот ривалитет меѓу најдобрите македонски ракометни колективи Вардар ПРО и Металург денеска во СРЦ „Кале“ одиграа пријателски натпревар во пресрет на новата сезона.

Континуираниот ривалитет меѓу двата тима, кој на моменти во минатото излегувал во голема мера и надвор од спортските граници, овој пат пред почетокот на новите официјални натпреварувања во обид да се ублажи преку тест дуелот предложен од претседателот на Металург, Ристо Чокрев а веднаш прифатен од стратегот на „вардарци“, Веселин Вујовиќ.

 

Двата тима одиграа натпревар од затворен тип, во три дела по 20 минути, на кој победи Вардар Про со 24-23. Според информациите од двата табори одигран е крајно борбен, вистински првенствен, но максимално коректен дуел на кој двајцата стратези Вујовиќ и Червар им дале шанса на сите расположиви ракометари. Најефикасен во победничкиот тим беше Петриќ со шест постигнати гола, додека Рајковиќ постигна четири.

 

Во тимот на Металург, во чии редови по подолг период настапи и голманот Дарко Станиќ најефикасен беше Наумче Мојсовски со шест постигнати гола, додека Козлина запиша пет. Со по три гола завршија Миркуловски, Манасков, Маркоски и Димовски.

 

РК Вардар ПРО – РК Металург  24:23 (8:5, 8:8, 8:10)

Спортска сала СРЦ Кале. Натпревар од затворен тип. Судии: Карбеска Силвана и Илиевска Марија

РК Вардар ПРО: Милиќ, Чаневски, Мартиновиќ, Ојлески 2, Маркоски 1, Стоилов 1, Димитровски 1, Недановски 1, Прибак 3, Раковиќ 4, Петриќ 6, Јовчевски 1, Марковиќ 2, Лазаров, Карачиќ 2, Абутовиќ и Дачевиќ.   Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 0 минути.

РК Металург: Станиќ, Ангелов, Митревски, Димовски 3, Наумовски, Георгиевски, Козлина 5, Манасков 3, Миркуловски 3, Маркоски, З.Мојсоски 1, Додер 1, Н.Мојсовски 6, Стоилов, Батиновиќ 1, Јоновски, Алушовски и Вучичевиќ.     Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 0 минути.

извор: www.ekipa.mk

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: