1700 криминалци од Албанија, наркобосови и шверцери на луѓе слободно се движат во Британија

Британската полиција соопшти дека најмалку 1.700 криминалци од Албанија слободно се шетаат во Британија. Се верува дека меѓу поединците кои моментално се во бегство се наркобосови, шверцери на луѓе, измамници и лица кои принудуваат девојки на проституција, пишува Дејли мејл, а пренесе Ора њуз.

Нетанјаху: Израел се пресмета со Синвар, но војната не е завршена
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека војната на Блискиот Исток се уште не е завршена и дека палестинската милитантна група …
Селекторот на Бразил го „издаде“ Нејмар кога ќе се врати на терен!
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Доривал Жуниор, го најави официјалното враќање на Нејмар на теренот по долгата пауза поради повреда. Бразилската ѕвезда за неколку дена ќе го одигра првиот …

Според истиот извор, полицијата и Националната агенција за криминал од властите во Албанија побарале информации за секој од осомничените во обид да ги изведат пред лицето на правдата.

„Се верува дека сите осомничени илегално пристигнале во Велика Британија со чамци и камиони. Бројката беше објавена кога министерот за внатрешни работи Џејмс Клеверли се сретна со албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала минатата недела за да разговараат за справување со илегалната имиграција и организираниот криминал“, наведува британскиот весник.

Додава дека полицијата на Обединетото Кралство побарала информации за 1700 албански мигранти осомничени дека се криминалци, кои албанската полиција брзо ги доставила.

„Исто така албанската полиција побарала информации за сите граѓани кои се осудени за кривични дела во Обединетото Кралство, за да можат да почнат со конфискација на незаконски профит како имот, пари, накит и возила во Албанија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека Обединетото Кралство и Албанија сакаат да ги таргетираат нелегалните финансии, корупцијата, наркотиците и организираниот имиграциски криминал, пишува Дејли мејл.

Ора њуз потсетува дека врз основа на договорот потпишан меѓу двете земји, од британските во албанските затвори, каде има околу две илјади затвореници Албанци, ќе бидат трансферирани 200 од нив. Станува збор за најопасни криминалци, осудени за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, разбојништва, силувања, шверц со дрога. За нив Велика Британија на Албанија ќе и плаќа по четири милиони фунти годишно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.