Бомбаш самоубиец нападна полициска станица во Истанбул

Loading...

Во експлозија во полициска станица во Истанбул, загина еден полицаец а четворица други се ранети, изјави во вторникот шефот на полицијата во турската метропола, Хусеин Чапкин, кој го посети местото на несреќата.

Чапкин, исто така, изјави за медиумите дека терористичкиот напад го извршил бомбаш-самоубиец на возраст од околу 25 години.

„Прво фрлил рачна граната во влезот, а потоа се кренел во воздух и себеси“, изјави Чапкин“.

Експлозијата се случи околу 11 часот по локално време во просторот меѓу капијата и влезот во полициската станица во квартот Султангази. Локалните медиуми претходно јавија за осум повредени. Тие, исто така, тврдат дека во нападот учествувале двајца бомбаши-самоубијци кои се убиени.

Ниту една од постојните радикални групи во Турција сé уште не ја презеде одговорноста за експлозијата. Претходно такви активности, вклучително и во Истанбул, беа извршувани од страна на курдските сепаратисти коишто себеси се нарекуваат „Соколи на ослободувањето на Курдистан“, најрадикалното крило поврзано со терористичката Курдистанска работничка партија (PKK).

Генералштабот на турската армија во понеделникот објави дека од август годинава досега во повеќе од 970 операции биле убиени 330 а и дека „од строј биле исфрлени 373 терористи на ПКК”, пренесува агенцијата Anadolu.

Во периодот меѓу април и септември 2012 година, турската армија извршила 974 операции во четири градови. Притоа во цитираното соопштение на Генералштабот на вооружените сили на Турција, се наведува дека биле ранети десет курдски бунтовни, а 33 биле заробени.

Од 6-ти септември, инаку, досега загинаа 88 турски војници, од кои 54 биле професионални војници.

Во Турција, САД и Европската унија, PKK е на листата на терористички организации.

Минатото лето PKK ги засили своите напади врз турските безбедносни сили, на што Анкара возвраќа.

PKK која голем број на држави ја сметаат за терористичка организација, прогласи едностран прекин на огнот во август 2010 година, но во октомври истата година се закани дека ќе се откаже од прекинот на огнот поради неуспешните преговори на турските власти со Курдите.

Според податоците на турските воени извори, во судирите на турските власти со Курдите односно од почетокот на бунтот на Работничката партија на Курдистан во 1984-та, загинале повеќе од 45 илјади луѓе.

 

Преземено од МакФакс

loading...
Loading...