19 чаури пронајдени на местото на ликвидацијата во Ханијоти

Грчката полиција трага по две непознати, маскирани лица кои утрово отворија оган против неколку лица во Ханиоти на Халкидики, при што беше убиен 39-годишен, а повреден 45-годишен маж, двајцата државјани на Македонија, додека пак на местото на убиството биле принајдени 19 чаури и еден куршум.

Непознатите лица по кои трага полицијата се товарат за убиство, обид за убиство и прекршување на законот за оружје.

Според извори од грчката полиција, во изнајмен апартман во Сани Вилас во Ханиоти се наоѓале пет лица на возраст од 19 до 45 години, сите од Македонија, а непознатите сторители смртно го раниле 39-годишниот, додека пак 45-годишниот бил повреден во десниот дел на градниот кош.

Повредениот бил пренесен во болница во Полигирос, каде што е хоспитализиран и е вон животна опасност.

На местото на убиството во надворешниот дел од изнајмениот апартман, полицијата пронашла 19 чаури, еден куршум и шаржер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.