Куманово и Кожув ќе играат во БИБЛ лигата

Loading...

 

Куманово и Кожув, оваа сезона, ќе бидат репрезенти на македонската кошарка, во регионалната БИБЛ лига, ова е резултат на посетата на првиот човек на БИБЛ, Шај Шртикс и неговите разговори со челниците на двата клуба.

Двата македонски прволигаши, јасно покажувајќи ја амбициозноста како на домашен, така и на меѓународен план, со официјално писмо потврдија дека ќе бидат дел од БИБЛ лигата во наредната сезона. 

Куманово и Кожув ќе им се приклучуваат на останатите осум потврдени екипи, кои доаѓаат од шест различни земји. Вкупно десетте екипи ќе бидат поделени во две групи, со тоа што две екипи од иста земја ќе настапуваат во различни групи, а по одигрувањето на првата фаза, ќе се игра плејоф за пласман на Фајнл Фор турнирот. 

Заедно со Куманово и Кожув, БИБЛ лигата наредната сезона ќе ја сочинуваат и: Левски и  Рилски (Бугарија), Брод Свјетлост (Хрватска), Кавала (Грција), Галил Билбоа (Израел), Морнар и Тиват (Црна Гора) и ОКК Београд (Србија). Конечниот изглед на групите, заедно со распоредот и форматот на натпреварување ќе биде објавен дополнително.

 

Макфакс

loading...
Loading...