Вардар против Мешков ја започнува одбраната на титулата во СЕХА

 

Бранителот на титулата во регионалната ракометна лига СЕХА, екипата на Вардар Про, одбраната на титулата во ова натпреварување ќе ја започне во сабота со натпреварот протиов белорускиот Брест Мешков.

Предводникот на екипата Веселин Вујовиќ рече дека со неговите избраници, во новата сеозна, ќе атакува на титулите во три натпреварувања (СЕХА, домашното првенство и Куп), а во ЕХФ купот се надева на што подолг престој.  

Вардар Про во натпреварувачката сеозна 2012/2013 покрај титулата во СЕХА лигата ќе го брани и трофејот во домашниот Куп. 

„Вардар е фаворит во дуелот со белорускиот Брест Мешков. Очекувам полни трибини со што ќе се створи одлична атмосфера за игра“, рече Вујовиќ. 

Тренерот на Вардар воедно му посака на својот колега од Металург, Лино Червар успех во Лигата на шампиони. 

Натпреварот Вардар – Брест Мешков ќе се одигра во СРЦ Кале со почеток во 18 часот, а влезот ќе биде слободен.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: