Во Монтепаски не го забораваат Мекејлеб

 

Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Лестер Бо Мекејлеб, доби признание од својот поранешен клуб Монтепаски Сиена, за се она што го направил за актуелниот италијански шампион.

Признанието, Мекејлеб го доби пред почетокот на пријателскиот меч помеѓу Монтепаски и Фенербахче, одигран во Сиена. 

Американецот со македонски пасош во Монтепаски играше две сезони, период во кој освои шест титули (по две во првенството, купот и Суперкупот на Италија). 

Индивидуално како играч на Монтепаски тој беше прогласен за најкорисен играч во првенството во изминатата сезона, а ја доби и наградата „Алфонсо Форд“, која евролигата му ја доделува на најдобриот стрелец. 

Покрај Мекејлеб, Монтепаски благодарници им врачи на својот поранешен тренер Симоне Пјаниџани и играчите Терел Мекинтајер и Шон Стонрук. 

Пријателскиот меч Монтепаски-Фенербахче заврши со убедлива победа на екипата од Сиена 89:61, Мекејлеб за својата нова екипа постигна 16 поени, додека најефикасен на мечот бил играчот на Монтепаски Мет Џенинг со 21 кош.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: