Под истрага кошаркарскиот меч Хрватска-Кипар

Loading...

 

Квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство во кошарка, кој го одиграа репрезентациите на Хрватска и Кипар се наоѓа под истрага на Комисијата за борба против местење на резултати.

Натпреварот е под сомнеж дека бил наместен откако во обложувалниците биле уплаќани големи суми на пари дека Хрватска ќе победи со повеќе од 50 поени разлика. На крајот Хрватска победи со 90:38, иако на крајот од третата четвртина имала предност од „само“ 30 поени. 
ПВоследниот период Хрватите го добиле со 28:3. 

Капитенот на кипарската репрезентација Панајотис Трисокас тврди дека немало никаво местење на резултатот. 

„Категорично ги демантирам ваквите тврдења, а доколку некој сака тоа да го провери можеме да ги дозволиме увид во нашите банкарски сметки. Го повикувам Кошаркарскиот сојуз на Кипар да отвори истрага и доколку утврди дека дека некој од кошаркарите профитирал на обложувалниците, истиот веднаш да биде исфрлен од репрезентацијата“, порачал Трисокас.

 

Макфакс

loading...
Loading...