Прилеп гостин на Меѓународната конференција „Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот плански регион”

Во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион беше организирана меѓународна конференција „Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот плански регион” и бизнис средби со компании од регионот на Измир, Република Турција.Целта на реализацијата на оваа конференција е унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион, привлекување на странски инвеститори во индустриските зони и останатите слободни локации во Пелагонискиот регион и воспоставување на директна соработка помеѓу бизнис компаниите од двете држави.
На денешната меѓународна конференција беше присутна и општина Прилеп која се претстави со зоните за домување и изградба на стопански објекти, во согласност со потребите на граѓаните и бизнис секторот.
Прилеп пред бизнисмените од Измир ги понуди повеќе градежни парцели од типската населба во изградба „Градина“, чија почетна цена е 61 ден по метар квадратен, намена за изградба на индивидуални домувања и колективни домувања и индустриската зона „Прилеп 2“, со 14 парцели, каде почната цена е 61 денар за метар квадратен“, инвестициите во ТИРЗ како и можностите за користење на проектот „Купи куќа за млади“ преку продажба на градежни парцели, посочи градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.
На Меѓународната Конференција учествуваа 30 бизнис компании од Измир, чија цел е проширување на бизнисот и инвестирање во зоните во Пелагонискиот регион, како и присуство на околу 150 бизнис компании од Пелагонискиот плански регион.Целта на реализацијата на оваа конференција е унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион, привлекување на странски инвеститори во и

Пронајдете не на следниве мрежи: