РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: ЧОКОЛАДНА КРЕМ-ПИТА

Состојки:
За кора:
   10 кекси
   ¼ шолја ореви (исечкани)
   3 лажици шеќер
   3 лажици несолен путер, стопен
За фил:
    2 ¾ шолји млеко
    1 шолја шеќер
   1 јајце
   ¼ шолја какао
   ¼ шолја пченкарен скроб
   1 лажица несолен путер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Тавата намачкајте ја со масло за готвење.
Измешајте ги кексите, оревите и шеќерот во блендер додека не добиете ситни трошки. Додадете го путерот и мешајте да се соедини. Оваа смеса нанесете ја на тавата и печете 10 минути додека добие кафеавкаста боја. Оставете да се лади 10 минути.
Изматете ги млекото, шеќерот, јајцето, какаото и пченкарниот скроб заедно со ¼ лажичка сол. Ставете ги на шпорет на средна температура и мешајте постојано додека смесата не зоврие и не се згусне.
Откако ќе ја тргнете од оган, додавајте го путерот додека не се истопи. Покријте со пластична фолија и оставете да се лади 20 мин. На тоа време додадете уште еден час додека смесата се олади целосно. Тргнете ја фолијата и смесата нанесете ја на кората. Оставете 2 часа да се лади, а за крај можете да додадете шлаг пена.Состојки:
За кора:
   10 кекси
   ¼ шолја ореви (исечкани)
  &nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: