Петмина руски туристи загинаа во сообраќајна несреќа во Грција

 

Петмина руски туристи загинале, а 30 се повредени, во петокот наутро, кога нивниот автобус излетал од патот. Несреќата се случила во близина на Солун, соопшти грчката полиција.

Автобусот излетал од патот на 15 километри источно од градот, за време на несреќата врнел силен дожд.

Туристите од едно од летувалиштата кои се наоѓаат во близина на Солун се движеле кон аеродромот, од каде со чартер требало да се врата во Санкт Петербург во Русија.

Возачот на автобусот се наоѓа меѓу повредените, додека 17 патници минале без повреди. 

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: