Честитка од Никола Груевски по повод празникот Рамазан Бајрам

Никола Груевски денеска по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до верниците.Почитуван Поглавар на Исламската заедница во Република Македонија Господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман еф. Реџепи,
Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам.
Бајрамските празнувања од секогаш биле можност да ги потенцираме вредности кои ги носат големите празници и воопшто вредностите кои се темел на исламската, но и на повеќе други религии. Љубовта, помагањето, посветеноста на Бога и воздржувањето од лоши мисли се само дел од таквите вредности во чиј дух поминаа изминатите денови на пост. Духовниот благодет од големиот празник и понатаму нека биде инспирација и водилка за напредок и успех во Вашите семејства и во сите полиња од Вашиот живот. Дозволете да ја искористам оваа прилика и честитајќи Ви го празникот да апелирам на слога и заедништво во сите области кои се заеднички за нас и нашите граѓани. Заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови ги одбележува животите на овие простори.
Да бидеме пример за соживот, почит и разбирање кои ќе носат само позитивни нешта за нашата држава и за нашите граѓани. Да се вложиме уште повеќе за економски напредок во државата, за привлекување на инвеститори, за развој на бизнисот, за нови фабрики и нови работни места. Да работиме уште повеќе за полесен и поквалитетен живот на луѓето, за напредок на земјоделието, образованието, здравството, културата и сите други општествени сфери. Со заедничка работа да создаваме дела и вредности кои на следните генерации ќе им остават добар пример и позитивни пораки.
Нека е за многу години празникот!
Нека е честит Рамазан Бајрам!Почитуван Поглавар на Исламската заедница во Република Македонија Господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман

Пронајдете не на следниве мрежи: